Ferdi Türkten
21 Јануари 2017•Ажурирај: 22 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили (ТСК) на 151. ден од операцијата „Штитот на Еуфрат” , која се спроведува против терористичката организација ДЕАШ на северниот дел на Сирија уништија 21 упориште на организацијата а 46 терористи се неутрализирани, јавува Anadolu Agency (AA).
Офанзивата „Штитот на Еуфрат“ започна на 24 август, а целта е да се отстранат заканите од терористичките организации, пред сè од ДЕАШ, кои сѐ уште се присутни во северниот дел на Сирија.
Опозициските сили од почетокот на операцијата воспоставија контрола над 227 сириски населби, кои покриваат 1.875 километри квадратни територија на оваа земја.
Авионите на турските воздушни сили ги бомбардираа позициите на ДЕАШ во Ел Баб, Бзагах и Кабасин, а во таа прилика уништени се 21 теростичка мета, 17 стамбени објекти, еден минофрлач и оклопно возило.
Наведено е исто така дека во нападот загинале најмалку 46 припадници на терористичката организација а 16 се ранети. Во акцијата запленети се и уништени значајни количини на оружје и муниција.