Meltem Öztürk,İsmail Çimen
21 Јануари 2017•Ажурирај: 22 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Генералното собрание на парламентот на Република Турција усвои пакет на предлози за уставните промени во таа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
По првиот круг, кој е завршен на 15 јануари, турскиот парламент во вториот круг го усвои 18 амандман на Уставот на Република Турција.
На тајното гласање присуствуваа 488 претставници на турскиот парламент, од кои 339 беа „за”, 142 беа „против”, пет гласачки ливчиња беа празни а две неважечки.
Заменичката на претседателот на парламентот на Турција, Ајше Нур Бахчекапили, објави дека гласањето е извршено според правилата и дека законот е усвоен.
Синоќа доцна усвоениот 18. амандман предвидува укинување на регулатива со која е предвидено претседателот на државата по избор на таа функција да ги прекине врските со партијата која ја предводел или чиј бил член до претседтателските избори.
Истиот амандман предвидува зголемување на бројот на пратенички места во турскиот парламент со сегашни 550 на 600. Во согласност со устанвите промени, претседателските избори ќе се одржуваат на секои пет години, заедно со парламентарните.
На денешната седница на тајното гласање во врска со 17. амандман пристапија 484 пратеници, а предлогот го поддржаа 342. Против беа 135 пратеници, двajцa беа воздржани. Три гласачки ливчиња не беа потполнети, а две беа неважечки.
Според тој амандман, парламентарните и претседателски избори ќе бидат одржани на 3 ноември 2019 година. До наредните избори, актуелните пратеници и претседателот ќе останат на своите функции.
Уставните реформи и преминувањето на претседателскиот систем во Турција е на политички дневен ред веќе подолго време.
Уставната комисија на Големото народно собраниа на Република Турција (TBMM) на 30 декември минатата година усвои предлог закон за уставните промени во таа земја, а кои 20 дена претходно беше проследен на претседателот на парламентот на таа земја, Исмаил Кахраман.
Дијалогот за предлог законот, кој го потпишаа 316 пратеници на владејачката Партија за правда и развој (АК Партија), траеше 10 дена.
Сетот на уставни промени најпрво се состоеше од 21 амандман, за бројот на амандманите подоцна да биде намален на 18. Еден од најважните елементи во сетот на уставни промени е воведувањето на претседателски систем, што подразбира намалување на борјот на министерства.
Исто така, лицето кое што ќе биде избрано за претседател нема да ја прекине врската со својата партија. Претседателот на таа земја исто така, ќе има овластување за именување на високите официјални лица во јавната управа.
Уставните промени опфаќаат измени според кои бројот на пратеници во турскиот парламент со 550 се зголемува на 600. Минималната годишна возраст за влез во турскиот парламент ќе биде намалена од 25 на 18 години. Покрај АК Партија, сетот на уставни промени го поддржа и опозициската Партија на национално движење (MХP).
Премиерот Бинали Јилдирим претходно укажа на значењето на уставните промени во таа земја, велејќи дека претседателскиот систем значајно ќе придонесе за понатамошно јакнење и развој на Турција на сите полиња.