Kayhan Gül
05 Август 2016•Ажурирај: 05 Август 2016
ПРИШТИНА (АА) - Претседателот и премиерот на Република Косово, Хашим Тачи и Иса Мустафа, го осудија синоќешниот напад на Собранието, јавува Anadolu Agency (AA).
„Насилството носи страв, стравот носи омраза, а омразата потоа носи повеќе насилство. Можеме да не се согласуваме за многу работи, но она за кое секој треба да се согласи е дека насилството не треба да има место во нашето Косово“, напиша Тачи, осудувајќи го синоќешниот напад на зградата на Собранието.
„Можеби не ги знаеме имињата на напаѓачите, но знаеме дека тие се луѓе кои не го сакаат Косово, не им посакуваат европска иднина на нашите граѓани и не сакаат децата во Косово да растат во мир“. Косовскиот претседател вели оти е убеден дека „сите ќе бидеме обединети и нема да дозволиме насилството да најде место во нашето општество“, истакна Тачи.

Преку Фејсбук реагираше премиерот на Косово, Иса Мустафа: "Нападот врз зградата на Собранието на Косово е напад на нашата независност. Собранието е највисок законодавен дом, симбол на демократско и државно регулирање. Никој не смее да ги тероризира нашите државни институции. Тој ги повика органите за спроведување на законот да го решат овој штетен настан, а граѓаните да го дадат својот придонес. Сторителите мора да бидат изведени пред лицето на правдата ", пишува Мустафа.
Инаку, синоќа на зградата на Собранието во Приштина беше фрлена експлозивна направа, а во нападот немаше жртви.
Локалните медиуми пренесоа дека врз зградата на Собранието било пукано со „зоља“ и дека на местото на настанот биле испратени илјадници припадници на косовската полиција. Како што е наведено во соопштението од полицијата, во нападот немало мртви или повредени, туку била предизвиканана само материјална штета. По нападот, најден е еден напуштен и изгорен мотор, за кој се верува дека бил користен во нападот.