Muhammed Boztepe
11 Јули 2020•Ажурирај: 11 Јули 2020
АНКАРА
Во рамки на турската операција Канџа-Тигар преку воздушни операции неутрализирани се 8 терористи на терористичката организација ПКК, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
Во ова соопштение се вели дека операцијата Канџа-Тигар успешно продолжува.
„Во рамки на операцијата Канџа-Тигар, преку воздушни операции неутрализирани се уште 9 терористи на ПКК откриени во подрачјето на Хафтанин“, се додава во соопштението.
Според ова соопштение, овие операции ќе продолжат се до неутрализирање на последниот терорист.