Турција

Обвинителството во Истанбул подигна второ обвниение за убиството на новинарот Џамал Кашоги

Oбвинителството против двајцата вработени во Конзулатот - Султан Јахја А. и Јасир Халир М., бара одделни отежнати доживотни казни за монструозно убиство со намера

Handan Kazancı  | 28.09.2020 - Обновена : 29.09.2020
Обвинителството во Истанбул подигна второ обвниение за убиството на новинарот Џамал Кашоги

ИСТАНБУЛ (АА) - Турските обвинители денес подигнаа второ обвинение против шест осомничени Саудијци во врска со убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, што се случи во 2018 година, јавува Агенција Анадолија (АА).

Подготвеното обвинение од 41 страница против шесте осомничени лица што се во бегство, вклучувајќи двајца вработени во Конзулатот, беше одобрено од Канцеларијата на јавниот обвинител во Истанбул и поднесено до Високиот кривичен суд бр. 11, каде што беше сослушан главниот случај на 20-те обвинети.

Oбвинителството против двајцата вработени во Конзулатот - Султан Јахја А. и Јасир Халир М., бара одделни отежнати доживотни казни за монструозно убиство со намера.

Обвинителството бара затвор од шест месеци до пет години за четворица осомничени - Ахмет Абдулазиз М., Калид Јахја М., Мохамед Ибрахим А. и Обаид Гази А.

Според обвинението, двајцата вработени во Конзулатот биле во тимот што го извршил убиството и по убиството ја напуштиле Турција, додека другите четворица осомничени се обвинети за напуштање на Турција по измама во доказите со одење на местото на злосторството веднаш по убиството.

Новинарот на „Вашингтон пост“, Џамал Кашоги, беше убиен во комплексот на Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, каде што отишол на закажан состанок за издавање на лични документи за венчавка. По повеќедневното негирање, саудиските власти признаа дека Кашоги е убиен, а потоа судот во Саудиска Арабија изрече смртни казни за петмината обвинети.

Претходно овој месец, Кривичниот суд во Ријад ги измени смртните казни за обвинетите, изречени минатата година, во затворски казни до 20 години.

Судскиот процес во Саудиска Арабија беше широко критикуван.

„Саудискиот обвинител изврши уште едно дело денес во оваа пародија на правдата. Но, овие пресуди не носат легален и морален легитимитет“, рече Агнес Каламард, специјалната известувачка на ОН за вонсудски егзекуции.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.