Dilara Hamit
28 Септември 2020•Ажурирај: 28 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Земјотрес со магнитуда од 4,6 степени го погоди Егејското Море, соопшти Одделот за земјотреси при турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), јавува Агенција Анадолија (АА).
АФАД соопшти дека земјотресот се случил во 7:12 часот по локално време, на длабочина од 37,57 километри.
Најблиските населени места до епицентарот се 17 километри оддалечени од планинскиот регион Атос во североисточна Грција и 109 километри од подрачјето Ѓокчеада во турската северозападна област Чанаккале.
Не се пријавени жртви или причинета штета од земјотресот.