Турција

Турската војска во арсеналот вклучува нови противавионски топови од домашно производство

Максималниот успех на топот при тестирањето е доказ дека новиот производ од турската наменска индустрија ќе ги зголеми воените капацитети на Турција

Sarp Özer  | 28.09.2020 - Обновена : 28.09.2020
Турската војска во арсеналот вклучува нови противавионски топови од домашно производство

АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили наскоро ќе го збогатат својот арсенал со 25-милиметарски противавионски топови кои се нов производ на домашната турска наменска индустрија, јавува Агенција Анадолија (AA).

Заводот за машинска и хемиска индустрија при Министерството за одбрана на Турција произведе противавионски топови кои успешно ги поминаа сите потребни тестови.

Новото турско оружје може да истрелува проектили поединечно и во рафали, како и во серии од три и десет проектили.

Адаптибилно е за користење на платформи на оклопни возила и на платформи со далечинско управување. Новиот турски топ се монтира на ротирачки систем и привлекува внимание со ниската стапка на палба.

Максималниот успех на топот при тестирањето е доказ дека новиот производ од турската наменска индустрија ќе ги зголеми воените капацитети на Турција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.