Турција

Турските сили неутрализираа 7 терористи на ПКК во северен Ирак

Операциите на турските безбедносни сили против терористите на ПКК на северот на Ирак се покренати за да се осигура безбедноста на турскиот народ и границите, елиминирајќи ја заканата што ја претставуваат ПКК

Muhammed Boztepe  | 27.09.2020 - Обновена : 28.09.2020
Турските сили неутрализираа 7 терористи на ПКК во северен Ирак

АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека со вооружени беспилотни летала неутрализирани се 7 терористи на ПКК, кои се подготвувале за акција во подрачјето на Хафтанин во северен Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерството преку соопштение истакна дека операциите против терористичката организација ПКК продолжуваат одлучно.

„Со вооружени беспилотни летала неутрализирани се 7 терористи на ПКК, кои се подготвувале за акција во подрачјето на Хафтанин во северен Ирак“, се вели во соопштението на турското Министерство.

Операциите на турските безбедносни сили против терористите на ПКК на северот на Ирак се покренати за да се осигура безбедноста на турскиот народ и границите, елиминирајќи ја заканата што ја претставуваат ПКК и другите терористички групи, а кои го користат северниот дел на Ирак за прекугранични напади.

Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени. ЈПГ е нејзин сириски огранок.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.