Barış Gündoğan
10 Јуни 2022•Ажурирај: 10 Јуни 2022
АНКАРА (АА) - Безбедносните сили на Туркије (Турција) неутрализираа најмалку пет припадници на терористичката организација ПКК во северен Ирак, соопшти турското Министерство за одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се наведува дека операцијата „Канџа-катанец“ на северот на Ирак е успешно продолжена, а турските сили неутрализирале уште пет терористи.
Туркије покрена низа операции против ПКК во северен Ирак од 2020 година, а последната операција „Катанец-канџа“ беше започната во април оваа година, насочена кон засолништата на терористите на ПКК во северните ирачки области, особено во подрачјата Метина, Зап и Авашин-Басјан.
Претходно во 2020 година беа започнати операциите „Канџа-тигар“ и „Канџа-орел“ за да се осигура безбедноста на турскиот народ и границите со неутрализирање на заканата од ПКК и други терористички организации кои го користат северен Ирак за планирање прекугранични напади.
Турските безбедносни сили водат опсежна борба против терористите на ПКК во Туркије, но и во соседните Ирак и Сирија.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.