Servet Günerigök
10 Јуни 2022•Ажурирај: 11 Јуни 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Престижниот американски магазин за патувања „Глобал травелер“ (Global Traveler) го прогласи Истанбул за „најдобра дестинација за помин за 2022“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Победниците за 2022 година беа објавени на церемонијата за доделување награди во Њујорк, САД.
Како дел од доделувањето на „Наградите за најдобар одмор и лајфстајл“, кои веќе 10 години ги организира магазинот „Глобал травелер“, еден од водечките магазини за патувања и туризам во Соединетите Американски Држави (САД), читателите ги избраа Истанбул како „најдобро место за помин во 2022“.
По Истанбул следуваат Лисабон, главниот град на Португалија и Краков, град во Полска.
Магазинот „Глобал травелер“ има речиси половина милион месечни читатели.
Магазинот, исто така, го награди и Аеродромот „Истанбул“ како „најдобар аеродром за трансфер“ и „најдобар меѓународен аеродром погоден за семејства“.
Директорот за комуникации, Ѓокхан Шенѓул, ги прими наградите во име на аеродромот „Истанбул“.