Aykut Karadağ
30 Април 2020•Ажурирај: 01 Мај 2020
АНКАРА
Турското Министерство за одбрана информираше дека се неутрализирани 4 милитанти на сепаратистичката терористичка организација ПКК/ЈПГ, кои се обиделе да навлезат во подрачјето ослободено во рамките на операцијата „Извор на мирот“ во Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се наведува: „Нашите командоси, кои се гаранција за мир и безбедност, спроведоа успешна операција во која неутрализираа 4 терористи на ПКК/ЈПГ во обид да навлезат во подрачјето на ’Извор на мирот‘.“