Tuba Şahin
30 Април 2020•Ажурирај: 01 Мај 2020
АНКАРА
Приходот од туризмот во Турција во периодот од јануари до март оваа година изнесува 4,1 милијарда долари, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Турскиот Институт за статистика (ТуркСтат) објави дека приходите од првиот квартал опаднале за 11,4 отсто во споредба со истиот период минатата година, како последица на забраните за патување поради Ковид-19.
„Додека 80,6 отсто од овој приход е добиен од странските посетители, 19,4 отсто се добиени од граѓаните што живеат во странство“, соопшти ТуркСтат.
Бројот на посетители што ја напуштија земјата, исто така, се намали за 15 отсто на 5,6 милиони во истиот период. Од нив 82,2 отсто се странски и 17,8 отсто турски државјани што живеат во странство.
Податоците на ТуркСтат покажуваат дека просечната потрошувачка по глава на жител во периодот од јануари до март оваа година изнесува 727 долари.