İsmet Karakaş
30 Април 2020•Ажурирај: 01 Мај 2020
АНКАРА
Турција го испрати и вториот воен карго авион со медицинска помош за подрачјата во САД што се најпогодени од пандемијата на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Со инструкции на претседателот Реџеп Таип Ердоган, Турција, во знак на поддршка во борбата со новиот тип коронавирус (Ковид-19), на САД, земјата која е најпогодена од пандемијата на овој вирус, им испратија помош во превентивен здравствен материјал, а станува збор за големи количества хируршки маски, визири, комбинезони и средства за дезинфекција.
Оваа медицинска помош е подготвена од страна на министерствата за одбрана и здравство на Турција, а за САД се транспортирани од воениот аеродром „Етимесгут“ со авион од типот „C-130“.
На пакетите со медицинска помош напишани се зборовите на Мевлана на турски и англиски: „По безнадежноста следува голема надеж. По темнината следува многу сонце“.
Авионот што ја транспортира медицинската помош за САД од аеродромот во Анкара го испратија заменик-министерот за надворешни работи на Турција, Јавуз Селим Киран, амбасадорот на САД во Анкара, Дејвид Сатерфилд, и турски и американски воени претставници.
Властите на Република Турција и пред два дена на САД им пратија помош во медицинска опрема.
Со транспортни авиони на Турските вооружени сили претходно помош во медицинска опрема Турција им испрати на Шпанија, Италија, Велика Британија, Северна Македонија, Србија, Косово, БиХ, Црна Гора, Либија, Сомалија и Јужноафриканската Република.