Betül Yürük
30 Април 2020•Ажурирај: 01 Мај 2020
ЊУЈОРК
Заменик-генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) за хуманитарни работи, Марк Ловкок, изјави дека со цел да не дојде до раширување на пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во северозападниот дел на Сирија, предност ѝ се дава на помошта во комплети за хигиена, изолациски единици и шатори. Ловкок истакна: „И покрај сопствената борба со Ковид-19, Турција го поедноставува процесот за прекуграничната помош во Сирија“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ловкок го информираше Советот за безбедност на ОН за хуманитарната состојба во Сирија, осудувајќи го притоа крвавиот бомбашки терористички напад во Африн во кој животот го загубија 43 лица.
- Во Сирија Ковид-19 детектиран кај 44 лица, 4 лица починаа
Ловкок информираше дека на териториите што се под контрола на силите на режимот детектирани се 43 случаи на заразеност со новиот тип коронавирус, од кои тројца починале, додека во северозападниот дел на Сирија имало еден заразен со Ковид-19 и еден починат.
„Не можеме да очекуваме здравствениот систем на земја, кој е речиси распаднат како последица на 10-годишната војна, да се справи со пандемијата, кога потешкотии со неа имаат и побогатите нации“, истакна Ловкок.
Ловкок потенцираше дека не може да се очекува преземените мерки за спречување на заразата во Сирија да бидат успешни кога милиони раселени лица престојуваат во пренатрупани кампови во нехигиенски услови, додавајќи дека ограничен е и капацитетот на тестовите за Ковид-19 во земјата.
Ловкок информираше дека во Идлиб е основана лабораторија за тестирање на коронавирусот, истакнувајќи дека некои тестови се прават во Турција.
- Во Ариха и Атареб се вратија 135.000 лица
Ловкок рече дека во последните неколку недели во подрачјата што се надвор од контролата на силите на режимот во Сирија, на териториите на Ариха и Атареб се вратиле 135.000 лица, но поголемиот дел од нив се соочиле со урнати домови, додавајќи дека можеби прекинот на огнот е од корист, но човечката состојба во северозападниот дел на земјата е прилично лоша.
Обединетите нации со цел да не дојде до раширување на пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во северозападниот дел на Сирија, предност ѝ даваат на помошта во комплети за хигиена, изолациски единици и шатори, притоа истакнувајќи: „И покрај сопствената борба со Ковид-19, Турција го поедноставува процесот на прекуграничната помош во Сирија.“