Beyza Binnur Dönmez
11 Септември 2026•Ажурирано: 11 Септември 2026
Пет лица загинаа, а 40 се повредени откако холандски туристички автобус излета од патот и се преврте во источна Швајцарија, соопшти полицијата денес, јавува Анадолу.
Полицијата на кантонот Граубинден соопшти дека несреќата се случила вчера околу 16:45 часот додека автобусот, во кој се превезувале 45 возрасни лица, се движел од Цернец кон Суш.
Автобусот излетал од патот во зона на градежни работи кај местото Лес и се превртел, наведе полицијата.
Загинале пет лица, додека тројца се здобиле со тешки повреди, седум со повреди со умерен степен, а 30 со полесни повреди. Сите повредени се пренесени во болница.
Како дел од обемната интервенција на итните служби биле ангажирани седум хеликоптери за спасување управувани од „Рега“, Алпската воздушна брза помош и „Хели Австрија“, како и 13 екипи на брза помош.
Полицијата соопшти дека идентитетот на загинатите сè уште не е потврден.
Јавното обвинителство на Граубинден и кантоналната полиција ги истражуваат околностите под кои се случила несреќата.