Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
14 Мај 2020•Ажурирај: 18 Мај 2020
ДИЈАРБАКИР
Турската полиција денеска заплени над 300 килограми марихуана во 26 спроведени операции против дрога во југоисточниот дел на земјата, велат безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Операциите кои започнаа во југоисточната област Дијарбакир беа продолжени до подрачјата Бисмил, Силван и Диџле. Во напорите да се спречи продажбата на дрога и нејзината употреба и да се спречат терористичките групи да се финансираат преку нејзината продажба, безбедносните тимови од 5 до 12 мај одржаа 26 различни операции.
„Полицијата заплени речиси 328 килограми марихуана, 2,33 грама хероин, 8,02 грама синтетичка дрога и повеќе од 720 опојни дроги“, додава изворот.
Од 29 осомничени приведени, 10-мина се уапсени.
Како дел од напорите против продажбата на дрога и нејзината употреба, турската полиција во 2019 година конфискуваше над 40 тони марихуана и 40 корени од канабис.