Zülfiya Yakup
27 Јануари 2016•Ажурирај: 28 Јануари 2016
ПРИШТИНА (АА) - Царинската единица заедно со косовската полиција во интегрираното гранично управување успееја да откријат повеќе од килограм марихуана на граничниот премин Врмница меѓу Косово и Албанија, јавува Anadolu Agency (AA).
"За време на контрола на автомобил на граничниот премиин Врмница, царинскиот службеник се посомневал дека во возилото со бугарски таблици, во кое беа еден државјанин од Косово и еден од Албанија, може да има нелегална стока. По запирањето на возилото и направената контрола, пронајдена е одредена количина на наркотици, поточно марихуана" соопштуваат од царината на Косово.
Во соопштението стои дека повеќе од еден килограм марихуана било спакувано во пет кеси. Патниците се уапсени, а пронајдената марихуана е предадена на полицијата за дополнителни испитувања.