Ruslan Rehimov
30 Ноември 2019•Ажурирај: 02 Декември 2019
БАКУ (AA) - Во камион во Азербејџан, на границата со Иран, пронајдени се 933 килограми наркотици, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од Граничната служба на Азербејцан соопштено е дека наркотиците се пронајдени во текот на прегледот на камионот на граничниот премин Астара. Во камионот, кој одеше во Украина, се превезувале калинки и киви. Наркотиците се пронајдени под овошје.
Се работи за најголемата количина наркотици, пронајдени во еден ден.
Азербејџанските гранични тимови пред четири дена запленија 304 килограми дрога, која требаше да биде доставена од Иран во Украина.