свет

Северна Кореја остро реагираше на изјавите на Абе за тестирање на ракетите

Функционер на Министерстовто за надворешни работи на Северна Кореја од Кабинетот за односи со Јапонија порача дека „Абе во поблиска иднина пред носот би можел да види вистинска балистичка ракета“

Gamze Türkoğlu Oğuz  | 30.11.2019 - Обновена : 01.12.2019
Северна Кореја остро реагираше на изјавите на Абе за тестирање на ракетите

ПЈОНГЈАНГ (AA) - Северна Кореја остро реагираше на изјавите на јапонскиот премиер Шинзо Абе во врска со севернокорејското последно тестирање на „супер големиот“ повеќецевен ракетен фрлач, во кои тој порача дека се работи за тестирање на балистички ракети, јавува Агенција Анадолија (АА).

Функционер на Министерстовто за надворешни работи на Северна Кореја од Кабинетот за односи со Јапонија порача дека „Абе во поблиска иднина пред носот би можел да види вистинска балистичка ракета“, објави агенцијата „Кјодо“, повикувајќи се на Централната корејска новинска агенција (KCNA).

Севернокорејскиот функционер Абе го нарече „најглупав човек во историјата и идиот“, кој, и покрај тоа што видел фотографии и текст, не успеал да го разликува системот на повеќецевниот ракетен фрлач.

На состанокот на Советот за национална безбедност во Токио, Абе тестирањето на Северна Кореја го нарече „голем предизвик за меѓународната заедница“.

Министерството за одбрана на Јапонија во соопштението наведе дека станува збор за тестирање на балистички ракети.

Северна Кореја вчера потврди дека од источната покраина Јужен Хамгјонг кон Источно Море се лансирани два проектила.

Со присуство на севернокорејскиот лидер Ким Јонг извршено е тестирање на „супер големиот“ повеќецевен ракетен фрлач. Истакнато е дека со овој акт е извршено тестирање на капацитетите на борбената способност на ракетните фрлачи, и нагласено е дека лидерот Ким е задоволен од резултатите на тестирањето.

Нагласено е, исто така, дека тестирањето ја потврди „воената и техничката супериорност“ на системот на ракетните фрлачи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.