Adem Şalvarcıoğlu
26 Септември 2018•Ажурирај: 27 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Во операциите извршени во последните 2 години во рамки на борбата против наркотици на Филипините се убиени околу 4.800 осомничени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според вестите на локалните медиуми базирани на изјавите на националниот полициски портпарол, Бенигно Дурана, од 1 јули 2016 година досега, во рамки на борбата против наркотици се извршени 108.059 операции.
Дурана инфомираше дека во рамки на операциите се убиени околу 4.800 осомничени, додека животот го загубиле над 80 безбедносни службеници.
Исто така, во истиот период над 152.000 лица, од кои 576 вработени во јавната администрација, се приведени поради трговија со наркотици.
Родриго Дутерте кој на 30 јуни 2016 година дојде на претседателската функција во оваа земја, истакна дека приоритет ќе ѝ даде на борбата против наркотиците и корупцијата.
Владата на Дутерте е остро критикувана од филипинските и странските организации за човекови права, кои тврдат дека филипинската Влада врши злосторство против човештвото.