Ata Ufuk Şeker
26 Септември 2018•Ажурирај: 27 Септември 2018
БРИСЕЛ (АА) - Шеесет и пет отсто од возрасните лица во Европската Унија (ЕУ) знаат најмалку еден странски јазик, пренесува Anadolu Agency (AA).
По повод Европскиот ден на јазиците, Еуростат објави податоци за јазичните способности на возрасните лица кои живеат во земјите членки на ЕУ, според кој 65 отсто од возрасните лица во ЕУ знаат најмалку еден странски јазик.
Оваа стапка е највисока во Шведска, каде што 97 отсто од возрасните лица знаат најмалку еден странски јазик, по која следуваат Латвија, Данска и Литванија со стапка од 96 отсто, Луксембург со 95 отсто, Малта со 92, и Естонија со 91 отсто.
Луксембург е земја во ЕУ во која стапката на лица кои знаат повеќе странски јазици е највисока, каде што над половина од возрасните лица знаат најмалку 3 странски јазици, додека Велика Британија е земја во која стапката на лица што знаат повеќе странски јазици е најниска, каде што само 35 отсто од возрасните во оваа земја знаат странски јазик.