свет

Над 600.000 Сиријци го продолжија школувањето во училиштата во Турција

Податоците од Министерството што ги доби АА покажуваат дека запишувањето на сириските деца бегалци во училиштата во Турција оваа година е удвоено

Nilay Kar  | 26.09.2018 - Обновена : 29.09.2018
Над 600.000 Сиријци го продолжија школувањето во училиштата во Турција

Ankara

АНКАРА (АА) - Според податоците на турското Министерство за образование над 600.000 сириски деца бегалци го продолжија школувањето во училиштата во Турција оваа година, јавува Anadolu Agency (AA).

Податоците од Министерството што ги доби АА покажуваат дека запишувањето на сириските деца бегалци во училиштата во Турција оваа година е удвоено.

Како дел од политиката на Владата за образованието, сириските деца кои живеат во Турција се интегрирани во турскиот образовен систем од 2016-2017 година.

Запишувањето на сириските ученици од прво, петто и деветто одделение во државните училишта е задолжително.

Учениците од другите одделенија се образуваат во привремени центри за образование во земјата и одат на интензивни курсеви за турски јазик. Тие ќе се запишат во државните училишта следната наставна година.

Минатогодишните податоци од страна на миграцискиот орган на Министерството за внатрешни работи покажуваат дека над еден милион сириски деца на школска возраст постепено ќе бидат интегрирани во државните училишта.

Турција во моментот згрижува речиси 3,5 милиони сириски бегалци, повеќе од која било земја во светот.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.