İzzet Taskiran
23 Ноември 2019•Ажурирај: 25 Ноември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - ИЗЕТ ТАШКИРАН -
По големото преместување и започнувањето на работата со полн капацитет, од април до октомври на аеродромот „Истанбул“ реализирани се 257.752 лета, при што низ аеродромот пропатувале 41.474.497 патници, што значи дека дневно во просек се изведени 1.204 лета на внатрешни и надворешни линии, пишува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите што АА ги доби од Генералната дирекција на Претпријатието за државни аеродроми, во период од 10 месеци на аеродромот „Истанбул“ на внатрешните линии пропатувале 10.157.579 патници, додека на надворешните линии бројката изнесува 31.635.100 патници.
Во тој период аеродромот „Истанбул“ пречекал вкупно 41.792.679 патници, оставајќи го зад себе интензивниот период од аспект на воздушниот сообраќај.
Од аеродромот „Истанбул“, во периодот јануари - октомври во внатрешниот авиосообраќај се изведени 65.401 лет, а на надворешните линии 194.981 лет. Во тој период од аеродромот се извршени вкупно 260.382 лета.
Годинава во периодот јануари - октомври, некои авиокомпании спроведоа вкупно 257.866 комерцијални летови. Со комерцијални летови, на внатрешните линии аеродромот „Истанбул“ го посетија 64.055 патници, додека преку надворешните линии таа бројка изнесува 193.811 патници.
Во период од 10 месеци на внатрешните линии низ аеродромот „Истанбул“ мина багаж, карго и пошта со вкупна тежина од 79.229 тони. На надворешните линии транспортиран е товар од 481.643 тони. Пресметано е дека во тој период вкупно транспортираниот товар од аеродромот „Истанбул“ достигнал вредност од 560.872 тони, составен од багаж, карго и пошта.
- За 7 месеци 257.752 лета -
По големото преместување од аеродромот „Ататурк“ изведено во месец април, аеродромот „Истанбул“ започна да работи со полн капацитет. Во тој период овој аеродром пречека 41.474.497 патници.
Во период од 7 месеци на внатрешните линии пропатуваа 9.963.763 патници, додека на надворешните линии бројката на патници изнесуваше 31.510.734.
Оставајќи го зад себе интензивниот период од аспект на воздушниот сообраќај, на аеродромот „Истанбул“ во периодот април - октомври во внатрешниот сообраќај остварени се 63.925 лета, додека на надворешните линии бројот на летови од овој аеродром изнесува 193.827. Во овој период вкупниот број на летови изнесува 257.752.
Ако се земе предвид вкупниот број на летови остварени на аеродромот „Истанбул“ во периодот од 214 дена (од април до октомври), тогаш може да се извлече заклучок дека во тој период дневно, во просек се реализирани 1.204 полетувања и слетувања.