Ali Murat Alhas
23 Ноември 2019•Ажурирај: 24 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Турската Војска неутрализира пет терористи на ПКК, во рамките на операциите поддржани од воздух во северен Ирак, соопшти турското Министерство за национална одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Еден терорист е неутрализиран во регионот Синат-Хафтанин во северен Ирак како дел од операцијата „Канџа-3“, заедно со уште четворица неутрализирани во регионот на Зап“, соопшти Министерството на Твитер.
„Нашите операции ќе продолжат без пауза“, се додава.
На 27 мај, Турција ја започна операцијата „Канџа“ против ПКК во регионот Хакурк во северен Ирак, по која следуваше нејзината втора и трета фаза во јули, односно крајот на август.
Министерството претходно соопшти дека над 400 терористи на ПКК се неутрализирани во северен Ирак во текот на изминатите четири месеци.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.