Atila Altuntaş
08 Септември 2016•Ажурирај: 09 Септември 2016
СТОКХОЛМ (АА) - На аеродромот „Арланда“ во Стокхолм, главниот град на Шведска, поради лет на дрон беше нарушен воздушниот сообраќај, јавува Anadolu Agency (AA).
Аеродромскиот оператор „Сведвиа“ соопшти дека откако над аеродромот „Арланда“ бил забележан дрон раководен од досега неидентификувано лице, бил запрен воздушниот собраќај.
Откако дронот се оддалечил од аеродромот, со задоцнување од 20 минути било дозволено полетување и слетување на аеродромот.
Се дознава дека во врска со настанот, шведската полицијата започнала истрага.