Davit Kachkachishvili
08 Септември 2016•Ажурирај: 09 Септември 2016
ТБИЛИСИ (AА) - Гeнералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека НАТО ја поддржува борбата на Турција против терористичката организација ДАЕШ во близина на нејзините граници, јавува Anadolu Agency (AA).
За време на официјалната посета на Тбилиси, поради учество на 4. Седница на Комисијата на Грузија и НАТО, генералниот секретар на Северноатлантскиот сојуз, Столтенберг, се состана со грузиските студенти во Националната библиотека во главниот град на Грузија.
По состанокот Столтенберг им се обрати на новинарите и истакна дека НАТО ја поддржува Турција во нејзинаата борба против ДАЕШ на нејзините граници, и ја истакна неопходноста од интензивирање на соработката меѓу Турција и САД по тоа прашање.
„Турција е една од најсилните сојузници на НАТО и во близина на своите граници води активна борба против ДАЕШ. Ние ја поддржуваме Турција во одбрана од оние кои ја напаѓаат” , изјави Столтенберг.
Нагласувајќи дека борбата против ДАЕШ мора да биде заедничка, Столтенберг изјави дека во прв ред мисли на Турција и САД како главни актери во таа борба.
Осврнувајќи се и на односите помеѓу НАТО и Русија, Столтенберг во оваа пригода ја обвини официјална Москва дека кон соседите води агресивна политика.
Додаде дека Европа презела адекватни мерки поради таа политика и им дала поддршка на Грузија, Украина и Молдавија, кои се први на удар на руската политика.
„Со Русија не сакаме да водиме Студена војна, туку разумен дијалог”, порача Столетенберг.