Sefa Mutlu
24 Јануари 2020•Ажурирај: 24 Јануари 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел вечерва пристигна во работна посета на Турција, на покана на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Агенција Анадолија (АА)
Меркел на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул пристигна по 23 часот по локално време
Таа го напушти аеродромот заедно со својата делегација, поради што беа преземени високи безбедносни мерки.
Се очекува Меркел утре во Истанбул да одржи низа состаноци.
За време на средбата со турскиот претседател Ердоган се очекува да стане збор за билатералните односи меѓу Турција и Германија, германското претседавање со ЕУ што земјата го презема во јули годинава, за односите меѓу Турција и ЕУ, за процесот на пристапување на Турција во Европската Унија и многу други теми.
Разговорите исто така предвидуваат размена на мислења за регионалните и меѓународните прашања, особено за Либија и Сирија.