Murat Özgür Güvendik
27 Јануари 2021•Ажурирај: 28 Јануари 2021
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Азербејџан, Џејхун Бајрамов, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од дипломатските извори, Бајрамов упатил благодарност до Чавушоглу во врска со пренесувањето во Баку на безживотното тело на азербејџанскиот морнар кој загина на бродот „Моцарт“, кој беше нападнат на отворени води кај Нигерија.
Двајцата министри исто така разговараа и за последните случувања во регионот.
Инаку, бродот „Моцарт“ со знаме на Либерија, на 23 јануари беше изложен на напад на пирати на отворени води кај градот Лагос во Нигерија.
Од вкупно 19 лица на екипажот, 15 беа киднапирани, додека морнарот со потекло од Азербејџан, Ферман Исмаилов, беше убиен.
Безживотното тело на азербејџанскиот морнар преку „Туркиш ерлајнс“ беше пренесено во Баку, додека на аеродромот „Хајдар Алиев“ телото беше примено од страна на претставниците на Министерството за надворешни работи на Азербејџан, главното Обвинителство на земјата, како и од семејството на Исмаилов.