Seda Sevencan
02 Март 2021•Ажурирај: 03 Март 2021
ИЗМИР
Турската крајбрежна стража спаси 23 нерегуларни мигранти на гумен чамец со расипан мотор на западниот брег на земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според Командата на Крајбрежната стража, групата нерегуларни мигранти побарале помош кога нивниот брод се оддалечил поради тоа што моторот им се расипал крај брегот на подрачјето Чешме во областа Измир.
До групата бил испратен брод за спасување што ги спасил.
Нерегуларните мигранти потоа се упатени во обласниот центар за миграции.
Турција е клучна транзитна рута за мигрантите кои сакаат да стигнат во Европа за да започнат нов живот, особено оние што бегаат од војна и прогон.
Турција е дом на речиси четири милиони бегалци, вклучувајќи над 3,6 милиони Сиријци.