Yıldız Nevin Gündoğmuş
20 Март 2020•Ажурирај: 20 Март 2020
АНКАРА (АА) - Во Турција е забележан четвртиот смртен случај од последиците на заразата со коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за здравство на Република Турција, Фахретин Коџа, се огласи преку официјалниот профил на Твитер, потврдувајќи дека бројот на смртни случаи во неговата земја се зголемил на четири.
„Меѓу заразените почина 85-годишна жена, вкупно имаме четворица починати од коронавирусот“, напиша Коџа, и додаде: „Во последните 24 часа направивме вкупно 1.981 тест на коронавирус, од кои 168 беа позитивни. Со тоа и бројот на заразени во нашата земја се зголеми на 359.“