Islam Doğru
20 Март 2020•Ажурирај: 21 Март 2020
ЊУЈОРК (АА) - Во американската сојузна држава Калифорнија поради епидемијата на коронавирусот издадена е наредба граѓаните да останат во своите домови, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Американските медиуми јавуваат дека гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, синоќа донел наредба која ќе опфати 40 милиони луѓе.
Њусом рече дека непотребното движење е ограничено до следната наредба, со цел контрола на ширењето на коронавирусот кој се заканува да го сруши здравствениот систем во таа сојузна држава.
Додаде дека во рамките на наредбата од жителите се бара да останат во домовите, а да излегуваат само за да купат храна и лекови.
Локалните деловни субјекти ќе можат да работат единствено под услов на достава.
Во Калифорнија потврдени се 910 случаи со коронавирусот и 19 смртни случаи.
Според последните податоци, најмногу заразени има во Њујорк, над 5.298, а во Вашингтон има 1.376 случаи.