Furkan Abdula
21 Октомври 2022•Ажурирај: 22 Октомври 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 50 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 343.850, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Не се пријавени нови починати лица од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата остана исто, односно изнесува 9.559.
Институтот за јавно здравје регистрира 47 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 334.007.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 284.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 523 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 2.179.652 тестирања.