Senita Sehercehajic
20 Октомври 2022•Ажурирај: 23 Октомври 2022
БЕЛГРАД (АА) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска се сретна со заменик-помошникот државен секретар на Соединетите Американски Држави (САД) и специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, со кого разговараше за актуелните случувања во рамките на процесот за нормализирање на односите со Приштина, можностите за продолжување на дијалогот и изнаоѓање одржливи решенија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што е соопштено од Кабинетот на српскиот претседател, по средбата тој уште еднаш ја истакнал целосната посветеност на Србија за продолжување на процесот на дијалогот и решавањето на отворените прашања меѓу Белград и Приштина, со акцент на целосната примена на досега потпишаните договори и почитување за меѓународното право.
„Специјалниот пратеник на САД, Габриел Ескобар, изрази очекување дека дијалогот меѓу Белград и Приштина за сите отворени прашања и сеопфатната нормализација на односите ќе продолжи динамично и конструктивно, што е значајно како за граѓаните, така и за севкупниот мир, стабилност и напредок на регионот, со брзо завршување на преговорите“, соопштија од Кабинетот на Вучиќ.