Турција

Турските инфраструктурни проекти во фокусот на Глобалниот форум

- „Турција би требало да биде на чело на глобалната иницијатива, што би помогнало на светот и на Турција би ѝ дало шанса да го покаже своето лидерство“, изјави Андерсон.

Tuba Şahin  | 25.09.2020 - Обновена : 27.09.2020
Турските инфраструктурни проекти во фокусот на Глобалниот форум

АНКАРА

Атрактивните турски мегапроекти од областа на транспортот беа во фокусот на интересот на 13. Глобален форум за управување со инфраструктура, на кој беа презентирани инфраструктурни проекти од повеќе милијарди долари низ светот, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Уверени сме дека Турција има некои од најсофистицираните инфаструктурни компании, политики и проекти“, изјави Норман Андерсон, сопственикот на вашингтонската компанија „CG-LA Infrastructure“, која го организираше Форумот.

Тој изјави дека Турција во изминатата деценија реализирала многу инфраструктурни мегапроекти кои привлекле глобално внимание.

„Турските проекти се од прва класа и на овој форум се едни од најатрактивните можности во светот“, изјави Андерсон за АА.

Истакнувајќи дека инфраструктурата може да помогне и во реставрирањето на светската економија, Андерсон изјави дека државите треба да се обединат во развојот на тој сектор.

„Турција би требало да биде на чело на глобалната иницијатива, што би помогнало на светот и на Турција би ѝ дало шанса да го покаже своето лидерство“, изјави Андерсон.

Тој исто така изјави дека Форумот се занимава со 100 најважни глобални проекти, кои се одбрани во првичната конкуренција до 250 проекти.

„Сакаме да го препознаеме лидерството, бидејќи ниту еден голем проект не е постигат без нечија водечка улога во отстранувањето на сите препреки“, порача Андерсон.

Андерсон укажа дека проектите претставуваат придвижувачка сила на закрепнување на светската економија од последиците на пандемијата на Ковид-19, а во тој контекст ја нагласи важноста за поврзување на големите проекти и нивното водство со ресурсите кои им се потребни, како стручност, технологија и вложување.

Станува збор за проекти од десет сектори на инфраструктурата, вклучувајќи го транспортот, енергетиката, дигитализацијата, рударството, туризмот и управувањето со водите.

„Овогодишниот форум беше домаќин на 46 директни презентации на проектите со вкупна вредност од 175 милијарди долари. Учествуваа 88 водечки имиња од областа на индустријата од 20 земји од шест континенти“, изјави Андерсон.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.