Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
28 Јануари 2021•Ажурирај: 28 Јануари 2021
АНКАРА (АА) - Иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф утре ќе ја посети Турција, соопшти турското Министерство за надворешни работи, јавува Агенција Анадолија (АА).
„За време на посетата на Зариф ќе се дискутира за сите аспекти на билатералните односи и ќе бидат разменети мислења во врска со регионалните и меѓународни прашања“, се соопштува во Министерството.