Ekip
24 Март 2020•Ажурирај: 24 Март 2020
БРИСЕЛ
Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел по видеоконференција со европските министри за надворешни работи, за новинарите на онлајн прес-конференција изјави дека новиот извештај на ЕУ за Договорот за мигрантите од 2016 година со Турција се очекува да биде објавен во четврток оваа недела, јавува Агенција Анадолија (АА).
Документот на дипломатската служба ќе ги анализира изгледите на иднината на односите меѓу Турција и ЕУ врз основа на Договорот за мигранти склучен во март 2016 година, вклучувајќи ги и темите за визна либерализација и царинската унија, и тврдењата на Турција дека ЕУ не успеала да ги исполни своите ветувања.
Европските шефови на држави и влади, најверојатно, ќе разговараат за наодите на заедничката видео конференција закажана за четврток.
Борел треба да разговара со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, со цел да се изнајдат начини за подобро имплементирање на договорот од 2016 година.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на неговата посета во Брисел пред две недели, започна преговори со претседателот на Европскиот совет, Шарлс Мишел и претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лејен.
Договорот од 2016 година беше постигнат за да се запре неправилниот проток на бегалци и да се подобрат условите на сириските бегалци во Турција.
ЕУ вети помош за бегалците од 6 милијарди евра (6,5 милијарди долари), но досега изврши трансфер на помалку од половина од тоа.
Анкара тврди дека ЕУ се воздржала од политичките заложби како дел од договорот, вклучително и визната либерализација за турските граѓани кои патуваат во Европа, како и од отворање на нови поглавја во процесот на пристапување на Турција, како и во преговорите за надградба на Царинската унија ЕУ-Турција.
Претходно овој месец, десетици илјади бегалци се обидоа да ја преминат грчката граница откако турските власти објавија дека повеќе нема да се обидат да ги попречуваат нелегалните мигранти да стигнат до Европа.
Одлуката е донесена откако 34 турски војници ги загубија животите во напад на сирискиот режим во зоната на деескалација на Идлиб. Обновените напади претставуваат ризик за нов бран миграции кон Турција, во која веќе се наоѓаат 3,7 милиони сириски бегалци.
Во својот последен говор, Ворел изјави дека ситуацијата на турско-грчката граница била подобрена.
„Мора да го продолжиме договорот од 2016 година“, рече тој, тврдејќи дека е од „меѓусебен интерес“ за двете страни.