Diyar Güldoğan
12 Декември 2017•Ажурирај: 12 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Челниците на Европската Унија (ЕУ) на редовна седница во Брисел во четврток и петок ќе разговараат за теми како што се одбраната, миграциите, социјалните прашања, образованието и културата, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Лидерите на ЕУ првенствено ќе се фокусираат на прашањето на одбраната, но ќе го оценат и напредокот постигнат на ниво на Унијата и во други области, особено кога станува збор за соработката со ЕУ и со НАТО“, се вели во соопштението на Европскиот совет.
Се очекува на седницата да биде пружена поддршка за започнување трајна структурирана соработка (PESCO).
Се додава дека челниците на ЕУ ќе разговараат и за најважните неодамнешни случувања во областа на надворешната политика на Унијата.
Трајната структурирана соработка (PESCO) би можела да биде најголемиот чекор напред во европската одбранбена политика во последните неколку децении.