Muhammed Boztepe
24 Март 2020•Ажурирај: 24 Март 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека се неутрализирани 6 терористи на сепаратистичката терористичка организација ПКК/ЈПГ, кои се обиделе да се инфилтрираат во подрачјето на операцијата „Извор на мирот“, северна Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Во успешната операција на нашите командоси неутрализирани се 6 терористи на сепаратистичката терористичка организација ПКК/ЈПГ, кои се обидоа да се инфилтрираат во областа од операцијата „Извор на мирот“, се вели во соопштението на Министерството.
Оттаму се нагласува дека операциите ќе продолжат без прекин.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и Европската Унија, одговорна е за смртта на 40.000 луѓе, меѓу кои деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.
Од 2016 година, Турција започна три успешни прекугранични антитерористички операции, во северна Сирија, за да спречи формирање на терористички коридор: операцијата „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (октомври 2019 година).