Турција

Децата мигранти со надеж и понатаму чекаат на грчката граница

Децата кои не можат да го живеат своето детство, немаат права и не знаат зошто чекаат на границата, речиси еден месец се соочуваат со многу потешкотии

Salih Baran  | 24.03.2020 - Обновена : 25.03.2020
Децата мигранти со надеж и понатаму чекаат на грчката граница

ЕДРЕНЕ (АА) - САЛИХ БАРАН –

Мигрантите со надеж дека Грција ќе ја отвори границата и ќе заминат во Европа, веќе 26. ден чекаат на границата, пишува Агенција Анадолија (АА).

Илјадници мигранти чекаат на граничната линија кај турско Едрене, со надеж дека Грција, која речиси секој ден остро интервенира врз нив, ќе ги отвори вратите за да го продолжат патот кој евроксите земји.

Најголемите жртви меѓу мигрантите кои чекаат во импровизирани шатори се децата.

Децата кои не можат да го живеат своето детство, немаат права и не знаат зошто чекаат на границата, речиси еден месец се соочуваат со многу потешкотии.

Често остануваат без здив поради грчките гасни бомби, а имаат и потешкотии поради студеното и дождливо време.

Понекогаш играат со турската жандармерија и полицијата, а понекогаш со јавните службеници на границата.

Децата мигранти за да им мине времето се лулаат на лулашките кои ги поставуваат нивните татковци, а одвреме-навреме играат и фудбал. Некои деца кои немаат топка се обидуваат да играат фудбал со конзерва.

Гувернерството на Едрене, Администрацијата за миграција, Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби на Турција (АФАД), Црвената полумесечина и невладините организации им помагаат на мигрантите во задоволувањето на нивните основни човечки потреби.

На децата им делат чоколади и бомбони, а невините очекувања кај тажните деца мигранти, исто како и кај нивните семејства, продолжуваат.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.