Ömer Tuğrul Çam
07 Октомври 2020•Ажурирај: 07 Октомври 2020
БРИСЕЛ - Жозеп Борел, висок претставник за надворешна политика и безбедност на Европската Унија (ЕУ), изјави дека проблемот околу Нагорно Карабах може да се реши само со напори на Групата Минск на ОБСЕ, истакнувајќи дека е потребно што поскоро двете страни да прогласат прекин на огнот и да се вратат на преговорите, јавува Агенција Анадолија (АА).
Борел учествуваше на сесијата на Генералното собраните на Европскиот парламент, при што ги информира пратениците за состојбата во Нагорно Карабах и за судирите меѓу Азербејџан и Ерменија.
Нагласувајќи дека ЕУ е многу загрижена поради судирите во Нагорно Карабах, Борел потсети дека ЕУ повикала на што поскоро запирање на судирите, обезбедување прекин на огнот и двете страни повторно да се вратат на преговарачка маса.
Борел истакна дека во последните 30 години преговорите биле неуспешни, но додаде дека сепак не може да има воено решение за проблемот.
Борел потенцира дека е потребно враќање на преговори под покровителство на копретседавачите на Групата Минск на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), истакнувајќи дека во однос на ова прашање досега остварил телефонски средби и со азербеџанската и со ерменската страна, и додаде дека разговарал и со министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу и со министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.
- „Ве повикуваме да ги исполните вашите меѓународни обврски“ -
Соопштувајќи дека се информирани за напади извршени врз цивилно население, Борел продолжи зо зборовите: „Судирите предизвикуваат смрт на цивилите. Ги повикуваме страните да ги исполнат своите меѓународни обврски за заштита на цивилите.“
Велејќи дека немаат многу информации за случувањата во регионот, Борел соопшти дека е запрена набљудувачката мисија на ОБСЕ на теренот и додаде дека од зоните на судири пристигнувале многу неосновани вести.
Борел ја истакна важноста за внимателно проучување и потврдување на вестите што доаѓаат од Нагорно Карабах.
Тој посочи дека доколку регионалните актери интервенираат, регионалната стабилност ќе биде нарушена, и дека на средбите со Чавушоглу и Лавров истакнал на важноста да не се користат активности што дополнително би ги зголемиле тензиите.
Борел информира дека копретседавачите со Групата Минск оваа недела ќе се состанат со министрите за надворешни работи на Азербејџан и Ерменија, додавајќи дека проблемот може да биде решен само со напорите вложени од страна на Групата Минск.
- Отворањето на Мараш: „Од Турција ќе побараме да се откаже“ -
Откако Борел го заврши своето обраќање во врска со Нагорно Карабах, еден од европарламентарците го запраша за одлуката на отворањето на брегот на Мараш (Вароша) во Северна Република Северен Кипар кој досега беше затворен.
Истакнувајќи дека отворањето на Мараш претставува прекршување на Договорот за примирје кој е потпишан под покровителство на Обединетите нации (ОН), Борел продолжи со зборовите: „Вчера дадовме едно соопштение. Денеска, давајќи уште едно соопштение, ќе побараме да бидат запрени овие активности на Турција.“