Bayram Altuğ
07 Октомври 2020•Ажурирај: 08 Октомври 2020
ЖЕНЕВА
- Бајрам АЛТУГ
Обединетите нации (ОН) нагласија дека дел од 15 дисиденти кои беа егзекутирани од страна на администрацијата на Египет со обвинение дека поттикнувале тероризам, насилство и убиство, се изложени на тортура и на неправедно судење, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од ОН дојде првата реакција во врска со егзекуцијата на 15 млади лица од страна на администрацијата на Абдулфетах ес Сиси во Египет, која ги егзекутираше овие лица, со цел да шири страв откако протестите кои се во тек од 19 септември, досега се проширија во сите градови.
Портпаролката на Високиот комесаријат на ОН за човекови права, Лиз Трусел, во изјава за новинарот на АА реагираше против егзекуцијата на 15 затвореници во еден ден од страна на египетската администрација.
Tрусел нагласи дека информации во врска со егзекуцијата на овие 15 лица во Египет, добивале од викендот до денеска.
„Соопштено е дека дел од егзекутираните лица биле изложени на тортура, и дека е можно да не биле праведно судени во согласност со обврските на Египет во рамки на Меѓународниот пакт за граѓански и политички права (ICCPR)“, рече Трусел.
„Според Комитетот за човекови права на ОН, изрекување смртна казна по судењето во кои не се почитувани одредбите од член 14 од ИЦЦПР, се смета за прекршување на правото на живеење“, нагласи таа, додавајќи дека во сите фази на судењето на оваа казна е вклучен и методот на „присилно признавање“.
Упатувајќи апел до администрацијата на Сиси, Трусел подвлече дека на сите затвореници треба да им се даде правна поддршка и гаранција за праведно судење, вклучувајќи амнестија и олеснување на казната.
Инаку, антирежимските медиумски органи во Египет, како и дисидентите во странство, соопштија дека во Египет биле егзекутирани 15 дисиденти во еден ден.