Tevfik Durul
30 Јануари 2020•Ажурирај: 31 Јануари 2020
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, упатувајќи реакција до расистичкиот грчки пратеник Јоанис Лагос, кој го искина турското знаме во Европскиот парламент (ЕП) истакна: „Расистичките разгалени деца на Европа нека знаат до каде се нивните граници. Европа треба да стави крај на антиисламизмот и расизмот“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот Чавушоглу во врска со ова прашање на својот твитер-профил напиша:
„Овие расистички глави знаат најдобро како ги скршивме нивните раце, како ги фрливме во море тие што го кинеа нашето славно знаме. Расистичките разгалени деца на Европа нека знаат до каде се нивните граници. Европа треба да стави крај на антиисламизмот и расизмот. Нашето знаме со чест ќе продолжи да се вее насекаде. Очекуваме Европскиот парламент да го стори тоа што е потребно за овој кловн.“
- Во Генералното собрание на Европскиот парламент искинато турското знаме
Расистичкиот грчки пратеник Лагос на седницата со наслов „Хуманитарната состојба на грчките острови“ на Генералното собрание на ЕП, што се одржува во Брисел, го искина турското знаме.
Наведувајќи дека грчкиот народ е нападнат од мигрантите, Лагос рече: „Од една страна е Турција, прави сè што ќе посака. Во нашата земја има прилив од мигранти. Ете ова е турско знаме, што се прави со ова, се кине и се фрла. Треба да се стави крај на ова.“