Турција

Кој ќе ја изеде пицата - 1,75 грама злато

Една пицерија во турскиот град Измир, на секој што за 30 минути ќе го изеде менито составено од пица со големина од 60 сантиметри, помфрит и пијалак, му подарува четвртина златник

Ahmed Melik Yağmur  | 17.07.2019 - Обновена : 22.07.2019
Кој ќе ја изеде пицата - 1,75 грама злато ( Foto: Ahmed Melik Yağmur/ AA )

ИЗМИР (АА) - Ахмед Мелик ЈАГМУР

Една пицерија во турскиот град Измир, на секој што за 30 минути ќе го изеде менито составено од пица со големина од 60 сантиметри, помфрит и пијалак, му подарува четвртина златник (1,75 грама 22-каратно злато), а истовремено не му ја наплаќа цената за менито.

Четириесетгодишниот Волкан Кантарџи, кој по дипломирањето прехранбена индустрија на Универзитетот „Еге“ заминал во странство, каде што работел во секторот за прехрана, се враќа во Турција и на периферијата од Измир, во местото Чигли отвора пицерија во која на муштериите им нуди интересен предлог.

На секој што ќе успее за 30 минути да го изеде менито составено од пица со големина од 60 сантиметри, помфрит и пијалак, не му го наплаќа изеденото плус го наградува со четвртина златник. Доколку муштеријата не успее, тогаш го плаќа менито од 100 лири (960 денари).

Волкан Кантарџи за АА изјави дека на муштериите во пицеријата им го нуди менито „30dk60cm“, а оние што сакаат можат да се натпреваруваат во одредениот временски рок и како награда да добијат четвртина златник.

Кантарџи информираше дека натпреварувањето го организира веќе 6 месеци и додаде:

„Нашето мени се состои од пица со големина од 60 сантиметри, 350 грама помфрит и 1 литар пијалак. Од натпреварувачите очекуваме сето тоа да го изедат за 30 минути. Доколку успеат во тоа, не им го наплаќаме менито, а како награда им даваме четвртина златник. Нашите пици покрај извонредниот вкус и заситуваат. Затоа малку е тежок натпреварот да се изеде пицата со големина од 60 сантиметри. Ова натпреварување го организираме веќе 6 месеци и во него учествуваа приближно 1.000 лица. Досега успешни беа 6 лица и освоија награда.“

Студентот Екин Арикан, кој се пријавил за натпреварувањето во јадење на менито „30dk60cm“, за АА изјави: „Си мислев дека ќе ја освојам наградата од 1,75 грама злато, но не успеав. При крај се заситив, но повторно ќе се обидам“.

Берин Џандан, муштерика на пицеријата, за АА изјави: „Претходно еднаш се обидов, не успеав, но со пријателите неверојатно се забавувавме. Многу е забавно да се набљудуваат натпреварувачите“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın