Турција

Киличдароглу: „Напад врз турски дипломат е напад врз Република Турција"

Претседателот на Републиканската народна партија Кемал Киличдароглу нагласи дека е потребно итно да се открие мотив на нападот

Yıldız Nevin Gündoğmuş  | 17.07.2019 - Обновена : 17.07.2019
Киличдароглу: „Напад врз турски дипломат е напад врз Република Турција"

АНКАРА (AA) - Претседателот на Републиканската народна партија (ЏХП) Кемал Киличдароглу остро го осуди нападот врз турскиот дипломат во Ербил, јавува Anadolu Agency (AA).

„Напад врз турски дипломат е напад врз Република Турција и тоа никогаш нема да го толерираме" рече Киличдароглу пред новинарите во Анкара.

„Сите наши соседи, сите земји, треба да знаат дека сите наши дипломати, наши колеги кои работат во странство, ја претставуваат Република Турција", додаде Киличдароглу и нагласи дека е потребно итно да се открие мотивот за нападот.

„Нашата најголема желба е извршителите да бидат фатени. Продолжуваат контактите со Багдад и Ербил. Се надевам дека сторителите наскоро ќе бидат пронајдени", рече Киличдароглу.

Ирачката полиција соопшти дека во оружен напад во ресторан во Ербил е убиен еден службеник на турскиот Конзулат и еден ирачки државјанин, а дека уште еден ирачки државјанин е ранет.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.