Jeyhun Aliyev
17 Јули 2019•Ажурирај: 18 Јули 2019
АНКАРА (АА) – Турскиот шеф на дипломатијата Мевлут Чавушоглу по нападот во Ербил изјави дека турските власти се во контакт со официјален Багдад во врска со овој случај, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во постојан сме конктакт со Багдад и Ербил. Испраќаме делегација во Ирак, во случај да има потреба. Остануваме во контакт за да напаѓачите бидат фатени и за да до најситни детали биде откриено кој стои зад ова”, рече Чавушоглу пред новинарите во Анкара.
Напомена дека разговарал и со Масрур и Нечирван Барзани, челниците на Регионалната курдска управа на северот на Ирак и со ирачкиот министер за надворешни работи Мухамед Али Алхаким.
„Најостро го осуди денешниот напад во ирачкиот град Ербил во кој е убиен еден турски дипломат. Ќе направите се што ќе биде потребно а да се расветлат сите детали од овој настан”, рече Чавушоглу.
На прашањето дали зад нападот стои терористичката организација ПКК или некоја друга терористичка група, Чавушоглу рече дека е потребно да се расветли целиот случај.
„Кога ќе се случи ваков напад, првин што помислувате е токму тоа, но треба се да се истражи за да би имале прецизни податоци”, рече Чавушоглу.
Ирачката полиција соопшти дека во оружен напад во ресторан во Ербил е убиен еден службеник на турскиот Конзулат и еден ирачки државјанин, а дека уште еден ирачки државјанин е ранет.