Sibel Uğurlu
18 Јули 2019•Ажурирај: 19 Јули 2019
АНКАРА (АА) - Турција ги повикува САД да ја исправат грешката за исклучување на земјата од програмата за борбените авиони Ф-35, кое непоправливо ќе им наштети на односите меѓу двете земји, соопшти Министерството за надворешни работи на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Не е фер да се отстрани Турција, еден од главните партнери во програмата Ф-35“, се вели во соопштението, во кое се додава дека чувствителните информации за тоа дека системот S-400 ќе ја загрози технологијата на Ф-35 се невалидни.
„Тоа што не одговараат на нашиот предлог за формирање работна група која исто така ќе го вклучува НАТО врз таа основа, претставува јасен показател дека САД се пристрасни и немаат волја за решавање на ова прашање со добра волја“, се соопштува од Министерството.
Во соопштението на Министерството се нагласува дека САД мора да ја покажат важноста која ја придаваат на пријателството со Турција, не само реторички туку и со дела, особено во борбата против ДЕАШ, ПКК/ПЈД/ЈПГ и ФЕТО.
САД објавија дека ќе ја исклучат Турција од програмата за борбените авиони Ф-35, откако претходно упатија закани дека ќе го направат тоа поради купувањето на Турција на рускиот противвоздушен систем S-400.
Администрацијата на Трамп велеше дека ќе ја исклучи Турција од програмата Ф-35 доколку го купи системот S-400 од Русија, предупредувајќи дека системот би можел да биде користен од Москва за тајно да се здобие со информации за борбените авиони Ф-35.
Испораката на материјалите за S-400 започна минатата недела и сеуште е во тек со тоа што досега во изминатите шест дена во воздухопловната база Муртед слета 14. авион со опрема.
Турските пилоти и персоналот за одржување кои беа испратени во САД да тренираат на платформата, се известени дека ќе мора да ја напуштат земјата до крајот на месецот.