Alptekin Soykan
11 Февруари 2016•Ажурирај: 11 Февруари 2016
ИСТАНБУЛ (AA) - Во Истанбул синоќа е изведен истовремен вооружен напад и напад со молотови коктели на редакциите на весниците "Yeni Safak" и "Yeni Akit", јавува Anadolu Agency (AA).
Според сознанијата на АА, пет маскирани напаѓачи фрлија молотови коктели на зградата на весникот "Yeni Safak", која се наоѓа во истанбулскиот кварт Бајрампаша. Потоа напаѓачите од огнено оружје пукаа на зградата.
Откако реагираа припадниците на безбедносните сили, напаѓачите избегаа. Припадниците на безбедносните сили успеаа да го изгаснат пожарот кој настана по фрлање на молотовите коктели.
На местото на настанот излегоа полицијата и противпожарните екипи. При вршење на увидот на местото на нападот пронајдена е торба со неискористени молотови коктели и запалка која ја заборавил еден од напаѓачите.
Во исто време изведен е и вооружен напад и напад со молотови коктели на редакцијата "Yeni Akit" која се наоѓа во квартот Ќучукчекмеџе. Нападот е изведен и со фрлање на молотови коктели и со пукање. Напаѓачите потоа избегаа од местото на нападот. На двете згради е причинета материјална штета.
Преземени се високи мерки на сигурност, а покрената е и истрага како и акција за потрага по напаѓачите.