Volkan Kaşik
12 Ноември 2016•Ажурирај: 14 Ноември 2016
МАЛАТЈА/САМСУН (АА) - Есента со прекрасни природни бои е присутна на секое подрачје во Турција. Со есенски бои зафатени се голем број на одморалишта, водопади и голем број на предели на кои се наоѓаат природните убавини на оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Таква е и состојбата на водопадот Кабаџевиз во Самсун. Голем број на туристи инаку го бираaт ова место за пикник, возење со велосипед, планинарење но и фото сафари.
Подрачјето со водопади е опколено со шума така да посетителите со одењето таму, барем на кратко успеваат да побегнат од градската гужва и секојдневие. Уште една дестинација која во овие есенски денови е привлечна на голем број туристи е и Малатја, позната како „светска престолнина на кајсиите”.
Фоторепортер на АА ги забележа есенските бои и убавинина подрачјата Самсун, Килис и Малатја.
Есента завршува на 21 декември до 11:44 часот кога почнува зима. Кога кај нас ќе почне есен, во пределите јужно од екваторот започнува пролет.