Emin Avundukluoğlu
11 Ноември 2016•Ажурирај: 11 Ноември 2016
ТРАБЗОН (АА) - Турскиот премиер, Бинали Јидлирим, денес изјави дека владејачката Партија за правда и развој (АК Партија) ќе го смени уставот за воведување на претседателски систем со помош на опозициската Партија за национално движење (МХП), јавува Anadolu Agency (AA).
На говорот во турската североисточна област Трабзон, Јилдирим изјави: „Ќе направиме уставни промени со МХП и ќе го ставиме претседателскиот систем во сила“.
Јилдирим упати пофални зборови до лидерот на Партијата за национално движење (МХП), Девлет Бахчели, велејќи дека тој презел одговорност во решавањето на важни прашања.
Уставните промени, односно повикот за претседателски систем беше на политичката агенда уште кога Ердоган, поранешниот премиер и лидер на АК Партија, беше избран на функцијата претседател во август 2014.
Овие избори беа први избори во кои еден турски претседател беше избран директно од гласовите.