Ekip
27 Октомври 2017•Ажурирај: 28 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - По четиригодишна изградба, во Анкара е отворена џамијата „Мелике Хатун“, која истовремено ќе може во затворен простор да прими околу седум илјади верници, јавува Anadolu Agency (AA).
Џамијата свечено ја отвори претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, а на свеченоста присуствуваше и премиерот на земјата, Бинали Јилдирим, како и претседателот на Големото народно собрание на Република Турција, Исмаил Кахраман.
За изградба на џамијата се вложени околу 100 милиони турски лири (25 милиони евра), а во отворениот и во затворениот дел на комплексот, 15 илјади лица истовремено ќе можат да се молат.